Во Охрид за 5 евра на Водици

Bez autora
Dec 16 2010

Дел од хотелските капацитети на охридската ривиера во соработка со локалната самоуправа ќе понудат аранжмани од 5 евра за ноќевање со појадок за време на празникот Богојавление - Водици. Според градоначалникот Александар Петрески, ова се прави со цел да се привлече што поголем број туристи за прославата на овој празник. Туристичките аранжмани за Водици ќе бидат дефинирани деновиве, по што ќе следува нивна промоција. Цената ќе биде симболична, колку да не е без пари. Тој најави дека за празникот Богојавление меѓу многубројните гости во Охрид ќе бидат и претставници на туристичките заедници од Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија и од Бугарија, до кои биле упатени официјални покани.

Во Охрид за 5 евра на ВодициДел од хотелските капацитети на охридската ривиера во соработка со локалната самоуправа ќе понудат аранжмани од 5 евра за ноќевање со појадок за време на празникот Богојавление - Водици.

Според градоначалникот Александар Петрески, ова се прави со цел да се привлече што поголем број туристи за прославата на овој празник.

- Туристичките аранжмани за Водици ќе бидат дефинирани деновиве, по што ќе следува нивна промоција. Цената ќе биде симболична, колку да не е без пари - изјави Петрески.

Тој најави дека за празникот Богојавление меѓу многубројните гости во Охрид ќе бидат и претставници на туристичките заедници од Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија и од Бугарија, до кои биле упатени официјални покани.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik